Утрински Весник
Свет

Хаос на границата меѓу Хрватска и Унгарија: Бугарин разнесе куќи со комбе, повредени неколку полицајци

Возач на бугарско комбе утрово околу еден часот удрил во куќите на граничната контрола кај Горичан II – возејќи меѓу преминот Хрватска и Унгарија.

Неколку лица биле повредени, меѓу кои и хрватски и унгарски полицајци.

Од полицијата соопштиле дека се работи за сообраќајна несреќа, но повеќе детали најавуваат за подоцна, пишува Дневник.хр.

Двајца повредени хрватски полицајци се пренесени во Жупаниската болница Чаковец, каде им се констатирани полесни повреди.

Полицијата објави фотографии од местото на настанот на кои се гледа дека од споменатите куќи не останало ништо.

Станува збор за граничниот премин кој се наоѓа на територијата на Унгарија, каде граничната контрола во куќите ја вршат заеднички унгарски и хрватски полицајци.

Засега не е позната тежината на повредите на останатите кои учествувале во несреќата.

Истрагата ја води унгарската полиција, пренесе Телеграф.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија