Утрински Весник
Свет

Брисел предлага мерки против Патријархот Кирил

ЕУ предложи воведување санкции за патријархот московски и на цела Русија Кирил, пренесе АФП, повикувајќи се на релевантен документ.

АФП наведува дека овој предлог е дел од шестиот пакет мерки како одговор на руската инвазија на Украина.

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен денеска предложи шести пакет санкции против Москва, кои најмногу се однесуваат на нафтата и дериватите.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“