Утрински Весник
Свет

Најмалку 25 загинати во топлотниот бран што ја погоди Индија

Најмалку 25 лица загинале како последица на топлотниот бран што ја погоди индиската држава Махараштра (Махараштра), јавуваат агенциите.

Екстремно високите температури во тој западен регион на Индија варираат меѓу 42 и 46 степени Целзиусови од крајот на март. Најтешко погодена област е Видаба, каде загинале 15 лица. Уште шест лица загинале во Маратвада и четири во центарот на Махараштра.

Поради топлотниот удар лекарска помош побарале 381 лице.

Индија се соочува со една од најекстремните летни горештини во историјата. Во март, просечните максимални температури во месецот се највисоки во последните 122 години.

Индискиот метеоролошки оддел (IMD) соопшти дека температурите во голем број држави биле три до шест степени над просекот во последните недели. Метеоролозите најавуваат и продолжување на топлотниот бран во неколку индиски региони.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада