Утрински Весник
Свет

Бразил не сака набљудувачи на ЕУ на изборите во октомври

Dik 300x250 mk

Врховниот изборен суд на Бразил ја откажал поканата на Европската Унија да испрати свои набљудувачи на изборите во октомври, откако на тоа се спротиставила владата на претседателот Жаир Болсонаро, јавуваат светските агенции.

Минатиот месец, судот, највисокото изборно тело во Бразил, ја повика Европската Унија за прв пат да испрати набљудувачи на општите избори оваа година во Бразил, на кои Болсонаро ќе се обиде да се кандидира за нов мандат, пренесува Ројтерс.

Два дена подоцна, Министерството за надворешни работи ја откажало поканата, со образложение дека изборите во Бразил никогаш не биле „надгледувани од меѓународна организација во која Бразил не е член“, пренесуваат светските гласила.

Можете да прочитате

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета