Утрински Весник
Култура

Одбележување на Денот на канадскиот филм во Кинотека на Македонија

По повод Денот на канадскиот филм – Амбасадата на Канада и Кинотеката на Македонија организираат премиерна проекција на канадскиот филм Трчај, жено, трчај, од Зои Ли Хопкинс со: Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм.

Настанот, како што информираат организаторите, ќе се одржи во Кинотеката на Македонија на 4 мај во 20 часот.

По две години „онлајн“ презентации, деветото издание на Денот на канадскиот филм организирано од REEL CANADA ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и Македонија, се вели во информацијата.

„Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видео-обраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година. Фокусот за 2022: „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „имагинеНАТИВЕ Филм“ и „Медиа Артс Фестивал“, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада“, е потенцирано во соопштението.

Трчај, жено, трчај е магичен „анти-ром ком“ за Бек (Хеберт), ожалостена самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот Мохаве-јазик по смртта на нејзината мајка. Бек завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена Бек мора да ги придобие. Конечно го послушува нејзиниот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка ѝ оддава почит на земјата и нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи нејзиниот јазик.

Текстот Одбележување на Денот на канадскиот филм во Кинотека на Македонија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“