Утрински Весник
Спорт

Кин го состави идеалниот тим на Јунајтед без Кантона, Сколс, Фердинанд

Dik 300x250 mk

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го избра идеалниот тим на клубот составен од играчи кои го носат неговиот дрес од формирањето на Премиер лигата. Во овој тим, Кин не најде место за некои клупски легенди како Пол Сколс, Рио Фердинанд, Немања Видиќ или Ерик Кантона.

„Не сум среќен кога треба да ги вознемирувам моите соиграчи, но морам да изоставам некои брилијантни фудбалери“, изјави Кин, кој со Јунајтед освои седум титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и вкупно 17 трофеи, беше капитен на тимот од 1997 година до 2005 година

Најмногу проблеми му биле стоперските позиции кога го составувал идеалниот тим, признал во објаснувањето зошто Рио Фердинанд не е неговиот идеален тим. Исто така открил деке не помислили тој да биде во овој тим.

Во идеалниот тим го нема ниту Ерик Кантона.

„Ми пречи што морав да го изоставам, тој беше брилијантен играч“, изјави Кин, кој ги пополни напаѓачките позиции со Кристијано Роналдо и Вејн Руни.

> Кин го состави идеалниот тим на Јунајтед без Кантона, Сколс, Фердинанд <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони