Утрински Весник
Македонија

„Новинарство под дигитална опсада“ – светски ден на слободата на медиуми

„Новинарство под дигитална опсада“ е мотото под кое се одбележува годинешниот Светски ден на слобода на медиумите со што се нагласува влијанието на дигиталната ера врз слободата на изразување, безбедноста на новинарите, пристапот до информации и приватноста.

Oд Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги порачаа дека денешниот ден е можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на нејзиното почитување и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.

„Демократските општества не можат да функционираат без слобода на изразување, независни и критички медиуми поради што сите без исклучок треба да вложат максимални напори за обезбедување безбедна средина за работа на новинарите и пристап до информации“, велат од ААВМУ.

Според последниот извештај на Репортери без граници, пред нас се уште стојат бројни предизвици. Агенцијата, наведе дека како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите и неопходноста да им се овозможи непречено работење.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”