Утрински Весник
Свет

Конгресмен предлага резолуција за воведување на американски воени сили во Украина

Член на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Адам Кинзингер. претстави нацрт-резолуција која дозволува употреба на американски воени сили за одбрана на Украина, во случај Русија да употреби оружје за масовно уништување.

Кинзингер во образложението на нацртот, објавено на неговата веб-страница, наведува дека резолуцијата е осмислена да гарантира дека американската администрација може да преземе соодветни мерки доколку Руската Федерација користи хемиско, биолошко или нуклеарно оружје.

Исто така се додава дека иницијативата, доколку биде одобрена, му дава овластување на американскиот претседател да ги користи американските сили за да одговори на сценарио во кое Руската Федерација користи хемиско, биолошко или нуклеарно оружје против Украина.

„Мора да се залагаме за човештвото заедно со нашите сојузници“, нагласува конгресменот.

Досега администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден жестоко ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина, објаснувајќи дека таквото сценарио би претставувало ризик од директен воен конфликт меѓу Русија и НАТО.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи