Утрински Весник
Македонија

Казни за 146 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 146 казни меѓу кои за возење над дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возач почетник.

Изречени биле и осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 42 санкции за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски