Утрински Весник
Спорт

Родригез ќе се врати во Премиер лигата

Dik 300x250 mk

Најдобриот стрелец на Светското првенство во 2014 година, Колумбиецот Хамес Родригез ја заврши својата авантура во Катар. Родригез е подготвен да го напушти Ал Рајан и да се врати во Европа. За овој клуб Колумбицот не настапил од 5.март.

Наводно Родригез поради повреда не игра за Ал Рајан, меѓутоа се шпекулира дека тој намерно не сакал да игра.

Медиумите во Јужна Америка објавија дека Родригез од наредната сезона повторно ќе игра во Премиер лигата и тоа во екипата на Вест Хем.

Лондонскиот клуб минува низ одличен период, финансиски е силен и стабилен и може да одговори на барањата на 30-годишниот фудбалер кој и претходно настапуваше во Англија, во дресот на Евертон.

Родригез претходно играше за Баерн, Реал Мадрид, Монако… Во Европа пристигна во 2010 година кога стана играч на Порто.

> Родригез ќе се врати во Премиер лигата <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја