Утрински Весник
Спорт

Борис Бекер осуден на две и пол години затвор!

Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер е осуден на затворска казна од две и пол години од судот во Лондон за прикривање на 2.5 милиони фунти за да избегне да ги плати своите долгови.

54-годишниот поранешен шампион од Вимблдон беше ослободен од 20 обвинувања, но беше осуден за 4 од поротата во Лондон, откако банкротираше во 2017 година, останувајќи 50 милиони фунти во долг. По ова, тој префрлал пари и поседи на други личности, а наводно ги криел и своите трофеи за да не бидат одземени.

Бекер банкротираше во јуни 2017 откако не успеа да го врати долгот од 3 милиони фунти за својата луксузна вила во Мајорка, Шпанија.

> Борис Бекер осуден на две и пол години затвор! <

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино