Утрински Весник
Економија

Бектеши: Некои општини ја злоупотребуваат електричната енергија на товар на граѓаните

Mинистерот за економија Крешник Бектеши на форумот организиран за 100-те дена на Владата истакна дека кризата кај нас е увезена од странство, но сепак, како што рече, се преземени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и истите дале вистински резултати.

„Иако кризата што се случува е увезена од надвор, како Министерство за економија донесовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните и преземените мерки дадоа резултат. Од јануари слободно можеме да кажеме дека сме лидери во справувањето со енергетската криза, но и во зголемувањето на локалната продуктивност“, посочи Бектеши.

Министерот нагласи дека секогаш има деструктивни страни кои сакаат вештачки да ја продлабочат кризата.

„Имаме случаи изминативе денови некои општини го прекршуваат Законот за енергетика и други закони, како неможност да управуваат со општините, создаваат јавни претпријатија, каде јавното осветлување и другите објекти кои се на слободниот пазар се прераспределуваат на регулираниот пазар.

Тоа значи дека од јануари до крајот на јуни општините сакаат да направат вештачки проблем во регулирањето на цената што ќе биде на грбот на граѓаните, конкретно на домаќинствата кои се на регулираниот пазар.

Зборуваме за трошење над 50 милиони евра што ги создаваат на овој начин за да се создаде ваква криза. Тоа значи огромни трошоци за нашите семејства, за семејствата, за нашите граѓани. Но, ние сепак сме подготвени и нема да го дозволиме ова“, рече министерот кој предупреди дека во еден момент јавно ќе се обелоденат општините кои сакаат да го злоупотребуваат системот на сметка на граѓаните.

Можете да прочитате

Голем скок на цената на нафтата на светските пазари

Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти