Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изминативе 100 дена власта се однесува арогантно со народот

Изминативе 100 дена власта се однесува арогантно со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешниот Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата.

„Цената на струјата е зголемена за 30%, а на парното греење за 15%. Народот плаќа поскапи сметки, и сето тоа затоа што владата е арогантна и не ги послуша експертите и ВМРО-ДПМНЕ кога даваа решенија за енергетската криза. Но и заради криминалот во РЕК Битола и милионите евра во матни тендери.

Владата е неспособна и затоа цените на брашното, лебот, зејтинот, млекото, горивата сите се зголемени во дијапазон од 70% до 100%.

Власта овие 100 дена, но и изминативе 5 години е неспособна и затоа што во ек на светска криза за храна, родот на нашите земјоделци останува да скапува по нивите затоа што или нема откуп или цените се ниски и нерентабилни.

Овие 100 дена влада ќе останат запаметени и по криминалот на Мухамед Зекири кој пред очите на Ковачевски крадел, а Ковачевски до последно го бранеше“, се наведува во реакцијата на опозициската партија.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце