Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската заедница

Денеска од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани.

Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ.

Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: Возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците

Полицијата ги лиши од слобода лицата кои вчера ја попречуваа работата на полицијата во Крива Паланка