Утрински Весник
Магазин

Џејмс Корден го напушта „Лејт лејт шоу“

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на популарното американско „Лејт лејт шоу“, најави дека се повлекува.

43-годишниот водител ja презеде должноста од Крег Фергусон во вечерната емисија на „Си-би-ес“ во март 2015 година, и, иако го продолжи актуелниот договор за една година, тој ќе го напушти шоуто во 2023 година.

Корден потврди за „Дедлајн“: „Беше навистина тешка одлука да заминам затоа што сум неизмерно горд на шоуто. Мило ми е што продолжувам уште една година.“

„Отсекогаш мислев дека ќе го правам тоа пет години, а потоа ќе заминам, но останував. Навистина долго време размислував, и сметам дека постои уште една авантура.“

Ѕвездата на „Гевин и Стејси“ признава дека тој и неговата сопруга Џулија – со која имаат деца три деца Макс (11), Кери (7) и Шарлот (4) – не знаат дали ќе се вратат во Велика Британија откако ќе му истече договорот.

Можете да прочитате

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

Состојка која го чисти шпоретот за миг

Над 80 отсто од животните-скитници во Турција се згрижени