Утрински Весник
Свет

Борел: Мариупол е европски Алепо

Алепо е сириски град кој претрпе големи разурнувања за време на војната, како и егзодусот на населението, а инаку е на списокот на светско наследство.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Џосеф Борел смета дека Мариупол е европски Алепо.

„Град кој е целосно уништен. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме се од себе оваа војна да заврши што е можно поскоро. И затоа ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, напиша Борел на Твитер.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма