Утрински Весник
Економија

Поевтинува само мазутот, цената на другите горива останува иста

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати.

Според одлуката на Комисијата, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 51,784 ден/кг.

Од 29.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 84,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 86,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 85,50 (денари/литар)
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) / 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС / 51,784 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

Цените на храната растат, платите не мрдаат, велат од СДСМ