Утрински Весник
Свет

Гроси за состојбата во нуклеарната централа: Тоа е црвено светло што трепка

Dik 300x250 mk

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е окупирана од руските сили, е неодржлива и може да се покаже опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

Потсетуваат дека руските сили ја окупираа целата област, вклучително и самата нуклеарна централа, која е најголема во Европа.

Гроси предупреди дека МААЕ постојано се обидувала да добие пристап до нуклеарните централи, но безуспешно. Тој додаде дека нуклеарната централа бара поправки кои се уште не се реализираат.

„Ситуацијата е таква каква што ја опишав. Ова не е одржливо. Ова е црвено светло што трепка“, рече Гроси.

Директорот на МААЕ претходно оваа недела изјави дека разговарал за ситуацијата во Запорожје со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски му рекол дека Украина не сака инспекторите на МААЕ да ја посетуваат нуклеарната централа додека таа е под контрола на трета страна.

Гроси додаде дека продолжува да врши притисок врз руските власти да им дозволат на инспекторите да ја посетат нуклеарната централа Запорожје, велејќи дека очекува средба со руските претставници наскоро.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп