Утрински Весник
Свет

Велика Британија: Руската морнарица сè уште може да нападне цели во Украина

Руската морнарица се уште може да погоди цели во Украина, иако загуби два воени брода, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во оперативната зона на Црното Море во моментов оперираат околу 20 руски поморски бродови, вклучително и подморници.

Русија не може да го замени бродот „Москва“, кој потона на почетокот на месецов во Црното Море, бидејќи Турција им забрани на сите воени бродови да влегуваат во Црното Море преку Босфорот и Дарданелите.

Русија го загуби и десантниот брод Саратов, кој беше уништен во експлозии и пожар на 24 март.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната

Воен хеликоптер со пет војници се урна на истокот од Чешка

ЕУ воведе нов пакет санкции кон Русија