Утрински Весник
Спорт

Англиски коментатор: Како Виљареал дојдоа до полуфиналето, тие немаат квалитет за ниту за Лига Европа

Ливерпул славеше во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите со 2:0 против Виљареал. „Црвените“ доминираа во текот на целиот натпревар, имаа 20 удари, 10 корнери и 71 отсто посед на топка, а Виљареал го заврши натпреварот со само еден удар, кој заврши високо над голот.

„Виљареал играа ужасно“, изјави Џејсон Канди, поранешен фудбалер и радио коментатор за британскиот „talkSPORT“.

„Ова е шокантно! Срам за Лигата на шампионите. Луѓето од УЕФА сигурно мислеа дека се во голема неволја додека го гледаа овој натпревар“, додаде поранешниот фудбалер на Челзи и Тотенхем.

„Ливерпул можеше слободно да стави еден навивач во стоперската двојка со Вирџил ван Дајк, Виљареал беше толку лош што ништо поинаку немаше да биде. Не ми е јасно како успеаја да стигнат до тука. Патетични настап. Овој тим не е доволно добар ниту за Европа. Нивниот голман, што е тоа?! Човекот не фати ниту една топка… Не се сеќавам дека некогаш сум видел полош голмански учинок во оваа фаза од натпреварувањето“.

> Англиски коментатор: Како Виљареал дојдоа до полуфиналето, тие немаат квалитет за ниту за Лига Европа <

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина