Утрински Весник
Свет

Нови напади на руските сили на „Азовстал“ – повторно без договор за евакуација на цивили од Мариупол

Руските сили денеска ја нападнаа фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински борци и голем број цивили во градот Мариупол, изјави помошникот градоначалник на градот, Петро Андриушченко.

Украинскиот претставник изјави дека денеска не се постигнати договори за формирање хуманитарен коридор за евакуација на цивили од пристанишниот град Мариупол.

Рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласил ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да учествуваат во евакуацијата на цивилите од фабриката за челик Азовстал во пристаништето Мариупол, соопштија вчера Обединетите нации.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД