Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски даде свое предвидување за тоа колку долго ќе трае војната

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.

„ Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни. Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“ рече Арестович во интервјуто објавено на „Јутјуб“.

Дури и да се прекинат сегашните борби во регионот на Донбас, тоа не би значело крај на војната со Русија, предупреди советникот на Зеленски.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма