Утрински Весник
Економија

„Гаспром“: Ги прекинавме сите испораки на гас за Полска и Бугарија

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ тврди дека ги прекинал сите испораки на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат за испораките во рубли.

Претходно, и полските и бугарските добавувачи на гас соопштија дека добиле официјални известувања од „Гаспром“ дека испораките ќе бидат прекинати.

Соопштението на „Гаспром“ дојде по конфузијата утринава. Имено, податоците прво покажаа дека испораките на гас за Полска преку Белорусија паднале на нула, а потоа дека продолжиле.

Бугарската гасоводна мрежа, исто така, соопшти дека земјата добива руски гас од утринава.

Не е јасно колку руски гас пристигнува и колку време ќе потрае

Можете да прочитате

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Мицкоски: Очекуваме да продолжи растот на БДП и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто, ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните

Инвестициски циклус низ Македонија: 1.200 проекти во 80 општини