Утрински Весник
Македонија

Заладување и врнежливо време за продолжениот празничен викенд најавуваат од УХМР

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал 4 до 11, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 28 степени, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Услови за краткотраен локален дожд ќе има в петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје