Утрински Весник
Македонија

Петков: Постои желба за решавање на спорот со Северна Македонија

Бугарскиот премиер, Кирил Петков оствари средба со еврокомесарот за добрососедство и проширување на Унијата, Оливер Вархеи, кој е во посета на Бугарија.

Бугарската Влада соопшти дека двајцата размениле мислења за актуелната ситуација во регионот, вклучително и во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.

„Петков и Вархеји разговараа за последните случувања во дијалогот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Премиерот ја потврди желбата да се најде заемно прифатливо решение за отворените политички прашања, имајќи ги предвид чувствителните теми за Бугарија. Петков истакна дека интензивирањето на секторската соработка меѓу двете земји придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање“, истакнаа од прес-службата на бугарската Влада.

И бугарскиот претседател Румен Радев со Вархеји разговараше за европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

Шефот на бугарската држава ги повторил „очекувањата на Бугарија за активна посветеност на Република Северна Македонија за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји и одржливо спроведување на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението.

Претходно денеска, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој учествува на форум во Софија изјави дека е разочаран за блокадата за почеток на преговорите, коментирајќи дека не треба повеќе да се губи време. Тој инсистира на решавање на спорот до јуни.

Можете да прочитате

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Пекевски: 950 евра минимална во Словенија, а храната поевтина од Македонија