Утрински Весник
Свет

Kонсултации за новата словенечка влада

Победникот на парламентарните избори во Словенија и иден премиер Роберт Голоб најави дека во најбрз можен рок, најверојатно денеска, ќе почнат консултациите со партнерските партии за формирање влада.

„Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да започнат во вторник“, изјави Голоб за словенечкото издание на порталот N1, истакнувајќи дека неговото Движење за слобода смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и со партијата Левица на Лука Месец, објави „Хина“.

Голоб потврди дека би сакал да вклучи две партии од левиот центар во идната влада, кои не го поминаа цензусот на општите избори, а тоа се Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) и Партијата на Аленка Братушек (САБ).

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина