Утрински Весник
Култура

Премиера на театарската претстава „Гласови“

Премиера на театарската претстава „Гласови“

Утре, со почеток во 20 часот, театарот „Чекори” премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава ,,Гласови”, во режија на Маја Ѓурчевска.

Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, инспициент е Ангела Наумовска, а тон и светло мајстор е Михаил Митевски. Влезот е наменет за сите посетители, без разлика на возраста.

Делото спаѓа во жанрот комедија, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по симболична цена од 100 денари. Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”.

Со своето 48 годишно постоење Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Текстот Премиера на театарската претстава „Гласови“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“