Утрински Весник
Македонија

Убиен братот на Камер Идризи, кој лани беше смртно застрелан во Чаир

Убиен братот на Камер Идризи, кој лани беше смртно застрелан во Чаир

Во пукање што се случи синоќа во скопски Чаир загина едно лице. Пукањето било на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Полицијата вели дека две лица пукале од автоматско оружје во угостителски објект.

Убиениот е Јонуз Идризи, брат на Камер Идризи кој во мај минатата година беше убиен на истата раскрсница. Во престрелката вчеравечер, повредени се уште две лица.

„ Со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Јонуз Идризи е најстариот брат на Камер Идризи, кон кого пак, лани беа испукани 80 куршуми. Камер Идризи беше едно од лицата врз кое беше пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

Извршителите на сите три престрелки, не се пронајдени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Муцунски: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право и не е тема за преговарање

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми