Утрински Весник
Свет

Киев: Гутереш нема овластување да разговара со Путин во име на Украина

Киев: Гутереш нема овластување да разговара со Путин во име на Украина

Советникот на претседателот на Украина го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за претстојната средба во Москва со претседателот на Русија и министерот за надворешни работи, нагласувајќи дека Гутереш „нема овластување да зборува во име на Украина“.

„Не е добра идеја тој да отпатува во Москва. Не ја разбираме неговата намера да отпатува во Москва и да разговара со претседателот Путин“, рекол Советникот на претседателот на Украина.

Тој изјави дека „иако сите мировни преговори се добри ако завршат со резултати“, се сомнева дека разговорите што ги иницира Гутереш ќе дадат некаков резултат.

Гутереш во вторник ќе престојува во Москва, а неговата посета на Киев е планирана за четврток, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Можете да прочитате

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија