Утрински Весник
Свет

Во вториот круг од претседателските избори во Франција излезноста до 17 часот била 63,23 отсто

Во вториот круг од претседателските избори во Франција излезноста до 17 часот била 63,23 отсто

Французите денеска одлучуваат кој ќе биде шеф на државата во следните пет години – Емануел Макрон или Марин Ле Пен, а до затворањето на гласачките места остануваат уште помалку од три часа. Последните податоци покажуваат дека излезноста до 17 часот била 63,23 отсто.

Толку слаб одѕив во оваа фаза не е регистриран уште од 1969 година, пренесува BFMTV.

Помал е и од излезноста во исто време пред две недели во првиот круг на изборите на 10 април, кога беше околу 65 отсто, велат од БФМ.

Пред пет години, кога победи Емануел Макрон, во моментот беше 65,3 отсто.

Избирачките места беа отворени утринава во 8 часот по локално време, а во големите градови треба да се затворат вечерва во 20 часот.

Излезноста напладне беше нешто помала во однос на истиот период во 2017 година.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција