Утрински Весник
Свет

96 годишна баба која го преживеа холокаустот: Не ме убија Хитлер и Сталин, ќе го преживеам и Путин

96 годишна баба која го преживеа холокаустот: Не ме убија Хитлер и Сталин, ќе го преживеам и Путин

Пред два месеци на денешен ден започна руската инвазија на Украина. Иако е неизвесно колку долго ќе трае инвазијата, Украинците немаат намера да се предадат. Една од нив е баба која била во кампот во исто време со Ана Франк, а денес ветила дека ќе го надживее Путин.

Анастасија Гулеј (96) беше принудена да избега од Украина откако беше нападната од руски војници. Четири месеци била притворена во логорот Берген-Белзен во северна Германија, а била и во Аушвиц во исто време со познатата Евреинка Ана Франк.

Иако таму загинаа најмалку 1,1 милион луѓе, пред се Евреи, Анастасија успеа да побегне, а сега вети дека ќе го надживее и Путин.

Ги преживеав Хитлер и Сталин, ќе го преживеам и проклетиот Путин, изјавила Анастасија, која работи и на својата биографија.

Бабата која го преживеа холокаустот ги спореди потезите на Путин во Украина со нацистите, а на почетокот на овој месец по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Берген-Белсен, злосторствата на Путин ги нарече „геноцидни“.

– Немам зборови за тоа што хитлеровите навивачи од Кремљ го направија во Буча и Мариупол – рече таа.

За да биде безбедна, бабата решила да побегне во Германија со своите возрасни деца, бидејќи нејзината куќа се наоѓала во близина на аеродромот што е воена цел за руските ракети.

Нејзината биографија требаше да биде објавена минатиот месец, ​но била одложена за да се вклучи дополнително поглавје за нејзиното бегство од Украина.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури