Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела

(Видео) Ковачевски: Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски со писмо до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до Синодот на МПЦ-ОА, како и со видео обраќање до свештенството и монаштвото, до сите православни верници во нашата земја, го честиташе големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

„ Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден.

Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа.

Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.

Во овие драматични мигови за нашето современие, Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.

Велигден е и празник на надежта и верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри. Со таа надеж за подобри денови, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби и конфликти. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и духовна сила!

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!“ порача Ковачевски.

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско