Утрински Весник
Македонија

Пронајдена вреќа во која имало ракетен фрлач, бомба и муниција од конфликтот во 2001

Пронајдена вреќа во која имало ракетен фрлач, бомба и муниција од конфликтот во 2001

Во близина на црквата и трафостаницата на тетовското Кале, полициски службеници од СВР Тетово пронашле вреќа во која имало ракетен фрлач, рачна бомба, еден проектил 30 мм и 31 куршум кал. 7,62 мм и 14 мм, кои најверојатно потекнуваат од конфликтот во 2001 година.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, а пронајденото е безбедно подигнато од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Левица: Клековски да го разреши директорот Маркоски – голготата во охридската болница мора да заврши

Клековски на средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

ВЛЕН: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение