Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари за споменици, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари за споменици, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

После прес-конференцијата на Гордана Димитриеска Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ, со реакција излезе СДСМ.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжување, тоа е истата партија, која 11 години ги задолжуваше граѓаните да гради споменици, фасади од стиропор, што се распаѓаат, да ја изгради луксузната Бела палата, како центар за ширење лажни вести, за богатење на партиското раководство на сметка на осиромашување на граѓаните.

„Немаме за леб а трошиме за чоколадо“ е добро познатиот односот на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните.

За разлика од времето на режимот денес парите завршуваат кај граѓаните. Минималната плата е покачена во три наврати, од срамно ниското ниво под 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари, континуирано расте просечната плата, социјалната помош е зголемена за 300 отсто.

Во најтешкиот период од пандемијата од Ковид 19, кога Владата предводена од СДСМ преку шест пакети мерки со 1,1 милијарди евра им помогна на граѓаните и на компаниите, дополнителната заменичка министерка за финансии од ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочовска, со месеци кочеше заем од Светска банка, наменет за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.

Концептот парите назад кај граѓаните продолжува и во време на светска економска криза. Со антикризниот пакет од 26 мерки, СДСМ им помага на граѓаните, на најранливите категории, на пензионерите и на компаниите.

Со укинување на стапката за ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на ДДВ и акцизата за горивата, со субвенционирање на цената на електричната енергија се амортизира ценовниот шок.

СДСМ работи во интерес на народот, парите, не ги вложува во жални врби и панорамски тркала, туку ги враќа кај граѓаните, во семејните буџети, се вели во реакцијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа, затоа Мицкоски е во паника, вели Жерновски

Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалник на Центар како независна кандидатка

Уставниот суд да толкува согласно Уставот и неговиот дух, а не да чита црно-бело, вели вицепремиерот Меџити