Утрински Весник
Свет

Макрон пред изборите в недела: Да не ни се лучи како со Трамп во САД

Макрон пред изборите в недела: Да не ни се лучи како со Трамп во САД

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го спореди претстојниот втор круг од претседателските избори в недела, со изборите во САД, кога Американците го избраа Доналд Трамп и предупреди дека неговото актуелно водство на анкетите не е гаранција за победа.

„Следниот ден се разбудија со мамурлак“, изјави Макрон за BFMTV, додавајќи дека ситуацијата во Франција е многу слична, бидејќи вклучува фундаментален избор за насоката на земјата, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така посочи дека агенциите за истражување на јавното мислење не биле во можност да го предвидат исходот од изборите во САД или референдумот за Брегзит во 2016 година.

Актуелниот претседател и лидер на „Републиката во движење“ в недела ќе се соочи со кандидатката на десницата, Марин Ле Пен.

Додека Макрон веројатно има најголеми шанси за реизбор во споредба со неговите претходници, Ле Пен се бори за својата политичка иднина, бидејќи поразот во третиот поход за Елисејската палата би предизвикал промени на чело на нејзината партија, „Националeн собир“.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван