Утрински Весник
Свет
Img 7972

Најмалку 33 загинати, меѓу кои и деца, при експлозија во џамија во Авганистан

Најмалку 33 загинати, меѓу кои и деца, при експлозија во џамија во Авганистан
300x250 opst2

Најмалку 33 лица, меѓу кои и деца, загинаа во експлозија во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска тамошните власти.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид изјави и дека 43 лица се повредени во бомбашкиoт напад во областа Имам Сахеб.

Локален претставник изјави дека бомбата експлодирала во суфиската џамија Мавлави Сикандар.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но главниот осомничен е Исламска држава.

Авганистан, разурнат од војна, се соочува со нов бран на насилство по релативно мирен период.

Десетици луѓе загинаа во серија напади во земјата во изминатите неколку дена. Двата најголеми напада оваа недела се случија во шиитска џамија и во училиште во Кабул.

Пријавени се и неколку помали бомбашки напади низ целата земја, вклучително и во главниот град Кабул.

Исламска држава ја презеде одговорноста за неколку напади, вклучително и за нападот врз шиитската џамија.

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа