Утрински Весник
Свет

Приведени двајца неонацисти кои го славеле роденденот на Хитлер

Приведени двајца неонацисти кои го славеле роденденот на Хитлер

Двајца неонацисти се приведени откако запалиле свеќи за роденденот на Адолф Хитлер, во неговиот роден град Браунау, Австрија.

Тие запалиле свеќи на прозорецот од родното место на Хитлер, на роденденот на нацистичкиот лидер. Хитлер е роден во 1889 година во австрискиот град Браунау, на границата со Германија.

Полицијата во цивилна облека ги забележала неонацистите како палат свеќи и ги уапсиле, а против нив поднеле кривична пријава. Станува збор за 23-годишен Австриец и 69-годишен Германец, кои признале дека запалиле свеќи во спомен на Хитлер.

Со тоа го прекршиле Законот за забрана на пофалба на нацизмот.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина