Утрински Весник
Свет

Путин го откажа нападот на индустриската зона во Мариупол

Путин го откажа нападот на индустриската зона во Мариупол

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информира рускиот претседател Владимир Путин за успехот на руската армија во Мариупол. Тој рече дека руските војници го зазеле градот.

Шојгу го нарече Мариупол престолнина на националистичкиот „Азов“, дека градот е ослободен, но милитантите остануваат во Азовстал, се нагласува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Тоа го изјави за време на средбата во Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин нападот на индустриската зона во Мариупол го нарече несоодветен и нареди да се откаже.

„ Сметам дека е несоодветна предложената окупација на индустриската зона. Наредувам откажување. Мора да размислуваме за спасување на животите на нашите војници и офицери“, рече Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Средбата се одржа во Кремљ.

Можете да прочитате

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

Багеи: Иран го разгледува предлогот на САД и своите ставови ќе му ги пренесе на медијаторот, Пакистан