Утрински Весник
Свет

САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем сајбер напад

САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем сајбер напад

Пет сојузници, вклучително и САД, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни сајбер напади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.

Членовите на разузнавачката мрежа „Фајв ајс“ (Five Eyes) – САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – рекоа дека Москва може да ги вклучи и постоечките сајбер-криминалци во нападите врз владите, институциите и бизнисите.

„ Разузнавањето покажува дека руската влада ја истражува можноста за потенцијални сајбер напади“, велат тие во официјалното предупредување. Покрај тоа, се наведува, „некои групи за сајбер криминал неодамна јавно ветија поддршка за руската влада“.

„ Некои групи, исто така, се заканија дека ќе спроведат сајбер операции против земји и организации кои обезбедуваат материјална поддршка на Украина“, се вели во извештајот.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро