Утрински Весник
Македонија

Макрадули е разрешен заради подобрување на состојбите во „Пошта“ и јакнење на менаџментот

Макрадули е разрешен заради подобрување на состојбите во „Пошта“ и јакнење на менаџментот

Јани Макрадули е разрешен од функцијата генерален директор на „Пошта“ заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент, соопштија портпаролите на Владата, на денешната прес-конференција.

Исто така беше прашано и за причините за разрешување на директорот на ФЗО Стево Крстевски, за што беше информирано дека дал оставка од приватни причини.

Портпаролите информираа дека на седницата Владата го разреши од должноста директорот на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. За в.д. претседател на Инспекцискиот совет Владата ја именуваше Даниела Рендевска.

Можете да прочитате

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај Башановиќ

Кузеска: СДСМ бара итна истрага – зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ

За викендот 1699 казни во сообраќајот, 60 лица лишени од слобода, одземени 20 возила