Работници пронашле неексплодирана граната на кружниот тек во изградба помеѓу ул.„Амди Леши“ и ул.„Атанас Илиќ“ во Дебар.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната со К-75 мм од постар тип.
Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.