Утрински Весник
Свет

Словенечки медиуми: Пахор планира да го замени Лајчак?

Словенечки медиуми: Пахор планира да го замени Лајчак?

Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор, е заинтересиран да ја преземе функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, по истекот на неговиот мандат, пишува весникот „Дело“.

Се наведува дека по истекот на неговиот мандат, Пахор има намера да ја заземе позицијата на специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесува „Косово онлајн“.

На прашање на „Дело“, од кабинетот на Пахор рекле дека по истекот на неговиот мандат тој ќе биде поранешен претседател.

„Тој не се занимава со прашањето што ќе прави за една година, бидејќи ќе има доволно време за тоа. Сега е целосно посветен на своите задачи кои ќе ги извршува до 22 декември“, изјавиле од кабинетот на Пахор.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија