Утрински Весник
Економија

Унгарија по воздушен пат доби достава на нуклеарно гориво од Русија

Унгарија по воздушен пат доби достава на нуклеарно гориво од Русија

Унгарија доби уште една пратка нуклеарно гориво од Русија за нуклеарната електрана Пакс, изјави денеска министерот за надворешни работи, Петер Сијарто.

Според Сијарто, последната пратка била испорачана преку воздушниот простор на Белорусија, Полска и Словачка, бидејќи војната во соседна Украина ја затворила претходно користената железничка рута, која минувала низ украинска територија, источниот сосед на Унгарија, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

НБРМ: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

Каматната стапка е непроменета –  зголемени ризици за монетарно затегнување