Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Нов ултиматум на Русите за Украинците во Мариупол, командантот од Азовстал испрати порака до светот

(Од минута во минута) Нов ултиматум на Русите за Украинците во Мариупол, командантот од Азовстал испрати порака до светот

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 56. ден

Клучни настани

Нов ултиматум на Русите за Украинците во Мариупол

Командантот од Азовстал испрати порака до светот

Зеленски: Украина веќе би ја завршила војната доколку имаше подобро оружје

САД и ЕУ се подготвени да воведат дополнителни санкции кон Русија

Од минута во минута:

08.55 Руски милијардер ја осуди војната во Украина: Лудата војна никому не му користи

Рускиот милијардер Олег Тинков, основачот на интернет банката Тинков, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина

08.40 Зеленски: Украина веќе би ја завршила војната доколку имаше подобро оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе би ја завршила војната со Русија“ доколку имала пристап до подобро оружје, како што е она што го користи Русија.

08.30 Украински командант во Мариупол: Можеби ги живееме нашите последни денови, дури и часови

Командантот на украинските трупи под руска опсада во Мариупол, ја повика меѓународната заедница да ги повлече од опколениот град и, во порака објавена на Фејсбук во средата, рече дека „можеби ги живеат последните денови, па дури и часови“.

08.20 Русија им постави нов ултиматум на бранителите на Мариупол

Руските вооружени сили, засновани исклучиво на хуманитарни принципи, повторно предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го положат оружјето – соопшти руското Министерство за одбрана

08.10 Шолц: Путин е одговорен за смртта на неколку илјади цивили во Украина

Германскиот канцелар додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за „воените злосторства“ во Украина, каде беа убиени неколку илјади цивили

08.00 САД и ЕУ се подготвени да воведат дополнителни санкции кон Русија

Соединетите држави и Европската унија постигнаа „широк консензус за потребата од зголемување на притисокот врз Кремљ, особено преку воведување дополнителни санкции“, соопшти вечерва италијанската влада

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро