Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Критики за италијанската скијачка „кралица“ Гоџа по хомофобните коментари

Критики за италијанската скијачка „кралица“ Гоџа по хомофобните коментари
Img 7972

Италијанската спусташка „кралица“, Софија Гоџа се извини на социјалните мрежи откако во интервју за весникот „Кориере дела сера“ имаше изјави кои беа протолкувани како хомофобни и против трансексуалните личности.

29-годишната Гоџа стана првата италијанска скијачка со олимписко злато во Пјонгчанг во 2018, а ги освои и титулите од Светскиот куп во спуст во 2018, 2021 и 2022 гоина.

„Верувам дека жените треба да се борат за своите права, вклучувајќи ја и еднаквата плата. Но жените се жени, а мажите маажи. Не ми се допаѓа кога ќе кажат: жена со мадиња. Зошто треба да ме судите по тоа што го немам? Дали има хомосексуалци меѓу скијачите? Меѓу жените, да, а меѓу мажите би кажала не. Тие треба да се фрлат преку Штрајф во Кицбил“, изјави Гоџа.

По големиот број на критики од страна на ЛБГТ организациите во Италија, таа се јави со соопштение на Твитер.

„Дрво кое паѓа прави повеќе бучава од шума која расте. Се извинувам на сите кои беа навредени од моите изјави во интервјуто, кои не ги кажав со дискриминаторска намера“, напиша Гоџа.

На интервјуто реагираше и Иван Скалфарото, заменикот министер во италијанското Министерство за внатрешни работи, порачувајќи и на „драгата Софија“ да размисли двапати кога дава изјави – брзината била предност во скијањето, но не и во изјавите.

> Критики за италијанската скијачка „кралица“ Гоџа по хомофобните коментари <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај