Утрински Весник
Македонија

Притвор за насилници кои тешко повредиле вработени во прилепската болница

Притвор за насилници кои тешко повредиле вработени во прилепската болница

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.

Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител и на четворицата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Кузеска: СДСМ бара итна истрага – зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ

За викендот 1699 казни во сообраќајот, 60 лица лишени од слобода, одземени 20 возила

Почина 38-годишен гостиварец – ќе се утврдува причината за смртта