Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Ангелов на увид на опасната точка на патот во месноста “Аеродром” кај „Пониква“

(Видео) Ангелов на увид на опасната точка на патот во месноста “Аеродром” кај „Пониква“
Img 7972

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов изврши увид на опасната точка на патот во месноста “Аеродром”, во близина на викенд населбата „Пониква“, Кочанско.

Минатата година на 12.05.2021, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, одржа прес-конференција кај опасната точка на патот и иницираше барање за соодветно обележување и обезбедувње на местото на коешто локалниот пат „Пониква – Кочани“ се одвојува од помошната аеродромска писта изградена од поранешната Југословенска народна армија (ЈНА).

По иницијатива на ЦУК се одржа координативен состанок и во соработка со надлежните министерства, се иницираше поставување соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација на коловозот, а таму каде што патот преминува во аеродромска писта да се постави вибрирачка лента која фополнително ќе ги предупредува возачите за опасноста како и поставување на браник на завршетокот на патот.

Исто така, е поставен патоказ за свртување во десно што го означува правецот на Кочани, при враќање од планинскиот туристички центар, како и други сообраќајни знаци што предупредуваат на опасноста дека возењето право е по слеп пат, односно дека коловозот завршува. Со тоа возачите соодветно ќе бидат известени во кој правец треба да се движат, за да се намали опасноста од евентуални несреќи.

Минатата година на оваа локација се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а две беа потешко повредени.

Можете да прочитате

Од куќен, газдата на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор

Давкова го честита 11 Октомври

Уште малку ќе имаме потопло време, а следната седмица ново заладување