Утрински Весник
Свет

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада

Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада

Москва протерува неколку претставници на бугарската амбасада, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, нотата за протерување на неколку вработени во бугарската амбасада денеска му била предадена на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Руската Федерација, Атанас Крaстин.

Мерката, како што се наведува, е одговор на „немотивираната“ одлука на бугарската страна во март годинава да прогласи десет дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни лица, наведува РИА Новости.

Можете да прочитате

Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина

Американските сили онеспособија ирански танкер во Омански Залив

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут