Утрински Весник
Свет

Британски борци заробени од Русите го молат Џонсон да организира размена

Британски борци заробени од Русите го молат Џонсон да организира размена

На руската телевизија се појавија видеа од двајца заробени британски борци, кои според едни информации биле доброволци, а според други платеници.

Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од премиерот Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук. За потсетување, Медведчук беше уапсен од Украинците минатата недела.

Не е јасно колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=-hhpUeYc6MM

Утрово и Украина објави видео на кое Медведчук го моли Путин да го замени за борци од Мариупол.

Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

Можете да прочитате

САД, Украина и Русија на мировни преговори во Абу Даби

Зеленски ги прозва лидерите на ЕУ: Слаби сте, Трамп нема да ве слуша

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите