Утрински Весник
Свет

Песков: Има уште време „непријателските“ земји да го прифатат плаќањето за гас во рубли

Песков: Има уште време „непријателските“ земји да го прифатат плаќањето за гас во рубли

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска најави дека има уште време таканаречените „непријателски“ земји да се префрлат на плаќање на гас во рубли, но тој одби да открие колку земји досега се согласиле на тоа.

Според Ројтерс, Песков рекол дека плаќањата во рубли за испорака на гас извршени по стапувањето во сила на указот на претседателот Владимир Путин доспеваат во мај.

Кон крајот на март, рускиот претседател Путин потпиша декрет со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за гас во руска валута или нивните испораки ќе бидат суспендирани, барање кое европските престолнини го отфрлија и Германија го оцени како „уцена“.

Можете да прочитате

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд